Достапни линкови

Четири последователни експлозии во Кабул


Кабул

Четворица цивили, меѓу кои и едно дете, биле повредени во четири последователни експлозии на мини денеска во северниот дел на главниот град на Авганистан, Кабул, соопшти портпаролот на градската полиција. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот. Бомбашки напади во таа земја често извршуваат групи како Исламска држава или Талибанците.

Талибанците го извеле нападот на воениот комплекс Хелманд

Насилството се зголеми откако историскиот договор на Талибанците со Вашингтон беше потпишан кон крајот на февруари. Нападите се случуваат во време кога во Кабул се спроведуваат мерки за изолација за да се ограничи ширењето на коронавирусот.

XS
SM
MD
LG