Достапни линкови

Талибанците го извеле нападот на воениот комплекс Хелманд


Илустрација - Патрола на авганистанските безбедносни сили во областа Хелманд

Авганистанските талибанци денеска ја презедоа одговорноста за напад врз воениот комплекс во јужната провинција Хелманд, во кој, како што тврдат, има загинати и повредени.

Според талибанците и владините претставници, во текот на ноќта се случил напад врз објект во кој биле сместени најмалку 150 припадници на авганистанската војска и разузнавачките служби. „Десетици припадници на непријателските сили беа убиени и повредени во нападот“, пишува во соопштението Кари Јусуф Ахмеди, портпарол на исламистичката група, јави АП.

Министерството за одбрана потврди дека нападот се случил и посочи дека еден припадник на армијата е ранет.

XS
SM
MD
LG