Достапни линкови

Времето сончево, од утре се потопло


Времето денеска ќе биде сончево со умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура е во интервал од 0 до 8, а максималната ќе биде од 18 до 25 степени.

Во Скопје сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 23 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеролошки работи, во наредните денови следува период на стабилно време со пораст на дневните температури.

XS
SM
MD
LG