Достапни линкови

Пендаровски - Матарела: Европски одговор за кризата


Архивска фотографија - Стево Пендаровски и Серџо Матарела

Македонскиот и италијанскиот претседател, Стево Пендаровски и Серџо Матарела, во телефонски разговор разменија информации за справувањето на двете држави со корона вирусот, соопшти Кабинетот на претседателот Пендаровски.

Македонскиот претседател посочил дека е неопходен сеопфатен европски одговор за справување со последиците од кризата, кој, покрај кон спречување на ширењето на вирусот и обезбедување на медицинска и заштитна опрема, треба да биде насочен и кон поддршка на економијата, бизнисот и сочувувањето на работните места на граѓаните. Само така европските држави ќе успеаат да ги надминат последиците предизвикани од ширењето на Ковид-19.

Претседателот Матарела упати честитки по повод членството на нашата држава во НАТО и одлуката за отворање на пристапните преговори за членство во Европската Унија, се вели во соопштението од Претседателскиот кабинет.

XS
SM
MD
LG