Достапни линкови

Пендаровски: Имаме повисока цел - животите и здравјето на луѓето


Верувам дека Црквата ќе се сообрази со правилата кои важат за сите останати. Поради пандемијата на вирусот КОВИД 19 на граѓаните многу права или им се одземени за одреден временски период или им се редуцирани, порача претседателот Стево Пендаровски, по повод Велигденските празници.

„Но сега сите имаме повисока цел – да ги сочуваме животите и здравјето на нашите луѓе, се разбира, вклучително и на верниците. Во нашата заедничка држава, ниту една религиозна заедница не е над другите, ниту еден верник не е поважен од еден атеист и обратно. Верувам дека верниците ќе најдат друг, соодветен начин да ја испочитуваат својата вера“, порача претседателот на државата.

XS
SM
MD
LG