Достапни линкови

Во Дебар се намалува бројот на лицата во домашна изолација


Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука

Во Дебар четири дена нема новозаразени од „Ковид-19“, а се намалува и бројот на лицата во домашна изолација, покажуваат официјалните податоци.

„Досега тестирани се 265 сомнителни случаи на „Ковид19“, од нив 49 се позитивни, излекувани се 16, од кои 13 се лекуваа во Клиникатата за Инфективни болести во Скопје, додека тројца беа на домашно лекување. За жал од Ковид-19 починаа четири лица. На домашно лекување се уште 29 лица, додека во домашна изолација 70 лица“, рече на денешната прес – конференција градоначалникот Хекуран Дука, кој раководи и со општинскот Оперативен штаб.

Дука додаде дека безбедносната состојба е стабилна, не се регистрирани непочитувања на одлуката за забрана за движење.

Градоначалникот кој е и лекар, работи и во Општата болница во Дебар,поради потребата од поголем број лекари.

XS
SM
MD
LG