Достапни линкови

Матичните лекари бараат заштитна опрема од министерството за здравство


Илустрација, архивска фотографија од медицински персонал

Заштитна опрема за вонредни ситуации и сет мерки за заштита на матичните лекари од коронавирусот, бараат од Здружението на приватни лекари на Македонија кое брои околу илјада и петстотини приватни лекари во земјава. Тие бараат од Центрите за јавно здравје да достават до приватните амбуланти во земјава печатени флаери со препорака за населението односно на пациентите за заштита од корано вирусот.

„Како и на нашите колеги од јавните здравствени установи и ние лекарите од приватните амбуланти бараме од надлежните да добиеме заштитни маски и средства за дезинфекција, кои ќе ги поставиме во нашите чекални за заштита од корона вирусот. Министерството за здравство до нас нема доставено никаква помош, а ние матичните доктори сме први на удар од настинати, со вируси и бактерии“изјави д-р Дервишова Чолакова.

Филипче: Два нови случаи на заболени од коронавирусот

Таа ја информира јавноста дека еден нивни колега лекар од Центар Жупа веќе се наоѓа во карантин затоа што бил во контакт со заразен од коронавирус.

„Фондот треба да направи некои посебни правилници за вакви вонредни ситуации,бидејќи неговите две илјади пациенти сега нема кој да ги прегледува и никој не сака да ги прими и не смеат финансиски да се оштетат ординациите во никој случај. Ако некој лекар е во карантин како неговата ординација ќе продолжи со работа по две недели“, прашува Чолакова Дервишова.

XS
SM
MD
LG