Достапни линкови

Нема коронавирус кај двајцата странци кои беа во карантин во хотел во Скопје


Министерот за здравство Венко Филипче

Министерот за здравство Венко Филипче попладнево информира дека двајцата странски државјани кои беа задржани во карантин во хотел во Скопје немаат коронавирус. Нивните тестови се негативни.

Двајцата странци денеска пријавиле дека два дена имаат симптоми слични на настинка по што им беше направен тест. Едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Во Скопје дошле на 28 февруари со авион на Визер од Келн.

Министерот Филипче претходно информираше и дека на денешниот координативен редовен брифинг со Комисијата за заштита на населението од заразни болести одлучиле да и предложат на Владата да ја продолжи препораката за откажување на јавни настани за уште една недела, односно до 13 март.

Во Македонија засега има само една заболена од коронавирус, која е на лекување во Клиниката за инфективни болести.

XS
SM
MD
LG