Достапни линкови

Околу 300 милиони ученици низ светот не одат на училиште поради коронавирусот


Грција- маж облечен во заштитно одело го дезинфецира училиштето во Солун во кое имаше потврден случај на коронавирус кај ученик

Речиси 300 милиони ученици низ светот се дома наместо на училиште откако повеќе земји погодени од коронавирусот одлучија да ја прекинат наставата во обид да го спречат ширењето. УНЕСКО вчера соопшти дека во 13 региони се затворени училишта со што околу 290,5 милиони ученици се дома. Училишта се затворени во Италија, Грција, Јужна Кореја, Јапонија, Иран и во други земји.

Во меѓувреме Швајцарија, коjа граничi со жариштето на вирусот во Европа Италија, јави и за првиот починат од коронавирусот- жена на 74 години, која имала и други заболувања, починала во болница во Лозана. Во Швајцарија има 90 потврдени случаи на коронавирус.

Вирусот се шири и во Европа и во САД. Во Италија, бројот на заболени е 3089, во Франција 285, во Германија 262, во Шпанија 222, во Соединетите Американски Држави 159. Најмногу потврдени случаи на коронавирусот има во Кина, 80 000 луѓе, а по неа е Јужна Кореја со 5 776. Во Иран коронавирусот е потврден кај 2992 лица. На глобално ниво, повеќе од 95 000 луѓе се заболени од новиот вирус, а досега починаа над 3 200 луѓе. До денеска коронавирусот е потврден во околу 80 земји.

XS
SM
MD
LG