Достапни линкови

Двајца странци во карантин во хотел во Скопје, се испитуваат за коронавирус


Архивска фотографија- министерот за здравство Венко Филипче

Двајца странски државјани сместени во хотел во центарот на Скопје, се испитува дали имаат коронавирус, откако пријавиле дека два дена имаат симптоми слични на настинка, соопшти денеска министерот за здравство Венко Филипче. Тој рече дека едниот е државјанин на Австралија, а другиот на Сингапур. Во Скопје дошле на 28 февруари со авион на Визер од Келн.

„Сега екипа на епидемиолози прави разговор, што правеле во Скопје, а во следните три до четири часа ќе бидат готови резултатите. Засега ќе останат во хотелската соба“, рече Филипче.

Инаку во Германија до денеска има околу 260 потврдени случаи на коронавирус. За состојбата во Италија, пак, која е жариште на ова заболување во Европа, Филипче рече дека има македонски граѓани кои сакаат да се вратат во земјата и дека во координација со македонскиот конзул таму се договараат ако има поголеми групи кои ќе доаѓаат да се најават за здравствените власти да имаат поголем увид.

Министерот информираше и дека на денешниот координативен редовен брифинг со Комисијата за заштита на населението од заразни болести одлучиле да и предложат на Владата да ја продолжи препораката за откажување за уште една недела, односно до 13 март.

XS
SM
MD
LG