Достапни линкови

Груби: односите со СДСМ не се нарушени


Архивска фотографија- пратеникот од ДУИ Артан Груби

Ставот на ДУИ е целосна апсолутна недвосмислена поддршка на предлог законот за јавно обвинителство, за совет за јавно обвинителство, за одбрана, за АВМУ, за игрите на среќа, на законот за ветинги сите други закони кои што се во процедура, вклучено и консензуално срочениот текст на Изборниот законик.

ДУИ очекува изборите да се одржат на 12 април и Собранието да се распушти до недела со усвоени закони, рече денеска на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.

На прашањето дали има проблем во коалицијата ДУИ – СДСМ, Груби рече дека нема никакви разлики, а вчерашното кочењето на собраниската седница било поради некоординираност на пратеничките групи.

За наводно формирање ново парламентарно мнозинство, Груби рече дека ДУИ се гледа во позиција на определувачки фактор сега, утре и во иднина.

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска рече дека СДСМ имаат капацитет и за ново мнозинство, а дека пораката на генералниот партиски секретар Љупчо Николовски била „да престанат игрите што се играат во парламентот“.

По вчерашните речиси целодневни партиски договарања за поддршката на владиниот предлог закон за Јавно обвинителство, за кој се неопходни 80 гласови и по информациите дека ДУИ и Беса излегле со свои барања, Николовски на Фејсбук напиша дека ако „продолжат тактизирањата постоела реална можност тие да направат ново парламентарно мнозинство.

XS
SM
MD
LG