Достапни линкови

Претседателот Пендаровски во официјална посета на Полска


Стево Пендаровски

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе престојува во официјална посета на Република Полска. Во Варшава, Пендаровски со највисоки државни и воени почести, како што е најавено, ќе биде пречекан од претседателот на Република Полска, Анджеј Дуда, а ќе има и билатерални средби со маршалот на Сејмот, Елжбијета Витек, и со маршалот на Сенатот, Томаж Гроцки. Предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со истакнати слависти и македонисти, кои живеат и работат во Полска. За време на официјалната посета на Република Полска, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска.

XS
SM
MD
LG