Достапни линкови

Протест во Белград против Законот за верските заедници усвоен во Црна Гора


Преотест во Белград против Законот за верските заедници усвоен во Црна гора.

Неколку стотици луѓе вечерва учествуваа во протестен машр од центарот на Белград, до храмот Свети Сава, откако одржаа протест пред амбасадата на Црна Гора во Белград, заради усвојување на Законот за верски слободи во земјата.

За време на маршот демонстрантите застанаа пред зградата на Претседателството на Србија каде извикуваа „Предавство“, пееја песни за Косово и го извикуваа името на Ратко Младиќ, кој е осуден за геноцид и воени злосторства над несрпско население во БиХ.

Проаѓајќи пред седиштето на ЛГБТИ заедницата, тие фрлаа тврди предмети и извикуваа пароли против ЛГБТИ популацијата.

„Собирот за поддршка на српскиот народ“ го организираше Студентскиот клуб од Правниот факултет во Белград, заради усвојувањето на Законот на кој се противи Српската православна црква (СПЦ) и поради апсењата на пратениците на опозицискиот Демократски фронт по инцидентот во Собранието на Црна Гора.

Парламентот на Црна Гора на седница, која беше проследена со протести внатре и надвор од собраниската зграда, го усвои Законот за верските заедници за кој просрпската опозиција смета дека ќе значи одземање на имотот на Српската православна црква во таа земја.

Неколкумина пратеници биле отстранети од парламентот од страна на органите на редот, но се уште не е јасно дали тие биле во притвор.

Претходно стотици приврзаници на просрпската партија Демократски фронт протестираа во Подгорица, а полицијата постави метални бариери за да спречи евентуален нивен обид да влезат во парламентот. Демонстрантите се налутени од Законот, бидејќи се бара од верските заедници да покажат доказ оти уште пред 1918 година го поседуваат нивниот имот.

XS
SM
MD
LG