Достапни линкови

Сведок во „Титаник“ - Донациите за ВМРО-ДПМНЕ ги носел во партија, а благајник ги уплаќал во банка


Архивска фотографија - Судење за случајот „Титаник“

На денешното рочиште за случајот за изборни нерегуларности „Титаник“ беше сослушан сведокот Ацо Стојанов кој донирал пари за политичката кампања на ВМРО-ДПМНЕ во 2011. Сведокот во 2011 година работел како советник во подрачно одделение на Министерството за финансии во Кочани. Тој рече дека донирал пари во повеќе наврати за ВМРО-ДПМНЕ. Сведокот посочи дека во партијата има благајник, што ги прима донациите, а за донациите некогаш добивал каса прими, а некогаш не му давале.

Прашан дали има потпишано уплатница во ВМРО-ДПМНЕ, сведокот рече да, објаснувајќи дека за некои сигурно се сеќава дека ги пополнил сите полиња и се потпишал, а за некои не се сеќава. Тие уплатници тој лично не ги носел во банка да ги уплати, туку ги оставал на благајникот, изјави сведокот Стојанов.

На денешното рочиште требаше да бидат сослушани уште неколку сведоци, но двајца не беа присутни, а еден е презакажан за следното рочиште на 28 јануари 2020 година.

Во Титаник обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски и други тогашни високи функционери за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

XS
SM
MD
LG