Достапни линкови

Неизвесна средбата на Курти и Мустафа за идната косовска влада


Албин Курти и Иса Мустафа

Средбата на лидерите на Движењето Самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово, Албин Курти и Иса Мустафа, која беше најавена за попладнево, се уште не се одржала и неизвесно е дали до неа воопшто ќе дојде денеска, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во меѓувреме Мустафа свика состанок на раководството на ЛДК, по кој изјави дека очекува повик од Курти, не изнесувајќи други детали.

Двете досега опозициски партии од порано објавија дека се договориле за програмата на идната заедничка влада, која ќе ја води Курти, меѓутоа до застој во преговорите дојде откако ЛДК истапи со барање да ја преземе функцијата претседател на државата, откако во април 2021 година ќе му заврши мандатот на актуелниот претседател Хашим Тачи.

Конститутивната седница на новото Собрание на Косово, произлезено од вонредните парламентарни избори, претседателот Тачи ја свика за 26 декември, што е и последниот рокот во кој партиите победнички на изборите од 6 октомври треба да постигнат договор за заедничка влада.

XS
SM
MD
LG