Достапни линкови

Силен земјотрес го погоди северен Авганистан


Силен земјотрес го погоди северниот дел од Авганистан, принудувајќи ги жителите да излезат на улица. Земјотресот е почувствуван и во соседен Пакистан. Засега нема извештаи за жртви или штети.

Американскиот центар за геолошкото истражување соопшти дека земјотрес на 20 декември бил со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот бил на 51 километар југо-западно од Јурм, регион што е ретко населен и се наоѓа во планинско подрачје во провинцијата Бадакшан. Од Индиската сеизмолошка канцеларија пак велат дека земјотресот бил со јачина од 6,3 степени.

Земјотресот се почувствувал и во индискиот главен град Њу Делхи. Земјотресите се вообичаени во тој регионот. Во октомври 2015 година, силен земјотрес однесе повеќе од 400 животи и остави без домови неколку илјади луѓе во Авганистан, Пакистан и Индија.

XS
SM
MD
LG