Достапни линкови

Димитриевски го препозна ВМРО-ДПМНЕ во протестот „Куманово се гуши“


Архивска фотографија- градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски

По одржаниот протест „Куманово се гуши“ реагираше градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриeвски кој вели дека ја разбира загриженоста на граѓаните поради загадувањето на воздухот, посочувајќи дека е генерален проблем на чие што решавање, општината интензивно работи.

Дел од мерките кои ги посочија од граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“, додава, веќе се реализирани и нагласува дека секоја иницијатива и предлог за надминување на овој проблем е добредојден.

„Во денешниот протест има политика, односно присуство на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Како и да е, сите заедно треба да учествуваме во решавањето на проблемот со аерозагадувањето во нашата општина и секој од нас треба да се запраша колку придонесува за тоа, колку е разбудена свеста кај нас, за чиста животна средина“, стои во реакцијата на кумановскиот градоначалник.

Денеска симболично во пет до дванаесет почна протестот „Куманово се гуши“ против аерозагадувањето во градот кој го организира граѓанската иницијатива „Македонија се гуши“. Со транспаренти и маски, граѓаните го изразија својот револт, од како што велат алармантната состојба со аерозагадувањето. Тие побараа од општината итни мерки.

XS
SM
MD
LG