Достапни линкови

Црвен крст собра над 9 милиони денари за помош на Албанија по земјотресот


Собрани се над 9,3 милиони денари за настраданите во земјотресот во Албанија, соопштија денеска од Црвениот крст на Македонија.

Средствата се собрани со донирање преку телефонските броеви за донации од Македонски Телеком и од А1 Македонија и на сметката на фондот за солидарност, соопштуваат од Црвениот крст. Од таму посочуваат дека заинтересирани лица и компании може и понатаму да донираат преку жиро сметката на фондот за солидарност.

Во земјотресот кој ја погоди Албанија на 26 ноември, загинаа 52 луѓе, а над две илјади луѓе беа повредени.

XS
SM
MD
LG