Достапни линкови

Убиени уште тројца демонстранти во Багдад


Демонстранти во Багдад

Тројца демонстранти денеска настрадале во судирите со ирачките сили за безбедност на мостовите кои водат до важните институции во Багдад, соопштија болнички извори, кои додадоа дека за овие скоро два месеци протести во Ирак загинале повеќе од 340 луѓе.

Двајца од загинатите биле убиени со огнено оружје, додека третиот настрадал од патрони од солзавец. Претходно беше соопштено дека ирачките сили за безбедност користат патрони со солзавец, кои се десет пати поголеми од вообичаените.

Повеќе од 15 илјади луѓе се повредени во Багдад и на југот на Ирак од 1 октомври, кога почнаа антивладините протести.

Демонстрантите бараат реформи и заминување од власт на политичарите за кои граѓаните наведуваат дека се корумпирани и некомпетентни.

XS
SM
MD
LG