Достапни линкови

Презентирани најдобрите иновации за борба против загаденоста


Во Фонд за иновации и технолошки развој ФИТР беа презентирани 9 проекти за намалување на загадувањето на воздухот, поддржани од трите програми на Фондот - О2 Предизвик, Комерцијализација на иновации и Предизвик за млади истражувачи, соопштија од ФИТР.

На презентацијата учествуваа преставници на домашни мали и средни компании, како и учениците од средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“ од Скопје.

Според ФИТР, за презентираните проекти биле направени мерења во лабораториска и реална средина, а резултатите беа презентирани пред присутните на денешниот јавен настан.

Проектот за електричен велосипед со вградени филтри за воздух на „Венито Комерц“ покажува ефект на прочистување на загадување од ПМ10 и ПМ2,5 честички колку што создаваат два автомобили со дизел мотор.

Прочистувачот на воздух за отворени средини на „Дарис Инжинеринг“ се очекува да опфати површина од околу 400.000 м2 и притоа првичните мерења покажуваат ефекти видливи на веднаш по поставувањето.

Проектот на „Металотехника“ од Прилеп обезбедува заштеда на енергија за загревање на домовите од најмалку 30% со нанотехнологија технологија изработена од локални материјали.

Средношколците од „Раде Јовчевски Корчагин“ презентираа концепт на „внатрешен прочистувач на воздух“ базиран на искористување на специфични растенија во училниците.

Компанијата „Еко Солар“ го претстави прототипот на мерни станици, кои чинат 90% помалку од цената на увезени, а се базираат на искористување на современа технологија за мерење и лоцирање на загадувачи со значително поголема прецизност од постојните мерни станици.

Проектот на „ББ Класик карс“ го презентираше прототипот на електричен автомобил од домашно производство со 0 емисија на штетни честички во воздухот, што може да помине до 150 км со едно полнење на батерија и да развие просечна брзина до 120 км/ч. За автомобилот веќе е обезбеден TUV сертификат од Германија и се презентира на пазарите во Италија. Цената на чинење на овој автомобил е во просек за 40% пониска од сличните што се нудат на пазарот од странски производители.

Проектот на компанијата „Технобен Нова“ за филтер за прочистување на индустриски капацитети покажува намалување на емисија на ПМ честичките за половина, односно од0.152 е намалена на 0.076. Додека јаглеродниот моноксид исто така се намалува од 1460 на 683 мг/м3.

Соларниот панел на компанијата „Еко Солар“ за 5 месеци покажува заштеда од 675 kWh и намалување на аерозагадување – со употреба на само еден колектор на годишно ниво – од 698 ЦО2 на 260ЦО2.

Компанијата „Инфопројект“ го претстави прототипот на производот Екомонитор за собирање на податоци за квалитетот на воздухот, температурата, ветрот и други метереолошки податоци во урбаните средини.

XS
SM
MD
LG