Настаните на денот низ фотографии - 5 ноември 2019 година.
Заробен интернет, заробена сестра, заробена клима...
1
МАКЕДОНИЈА / ФРАНЦИЈА - Потврдена е средбата на претседателот Стево Пендаровски со францускиот претседател Емануел Макрон, информираа од Кабинетот на Претседателот. Средбата треба да се одржи на 12 ноември, кога Пендаровски ќе учествува на Парискиот мировен форум.
2
ГЕРМАНИЈА - Германскиот државен министер за Европа и заменик министер за надворешни работи, Михаел Рот, во колумна со наслов Гигантска грешка, објавена во Die Welt, пишува дека претседателот на ЕУ-Комисијата во заминувањеа Жан-Клод Јункер е потполно во право: Историска грешка е што државите на шефови и на влади на ЕУ на 18 октомври одбија да дадат зелено светло за предвиденото започнување на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија.
3
ТУРЦИЈА - Курдската милиција не се повлекла од некои области во Сирија по должината на границата и американските сили се уште вршат заеднички патроли со курдските сили, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
4
САД - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп официјално ги извести Обединетите нации дека ќе ги повлече САД од Парискиот договор. Ова, како што потврди американскиот државен секретар Мајк Помпео, е првиот официјален чекор во едногодишниот процес за излез од глобалниот пакт за борба против климатските промени.