Настаните на денот низ фотографии - 5 ноември 2019 година.
Заробен интернет, заробена сестра, заробена клима...
5
БЕЛГИЈА / ИРАН - ЕУ изрази загриженост од последните чекори на Иран во врска со договорот за нуклеарната програма склучен во 2015. Со тоа се става договорот во опасност, соопштија денеска од Европската комисија.
6
САД - Казахстан, Судан и Бразил се земјите кои најмногу ја нарушувале слободата на интернет во минатата година. Ова се наведува во последниот извештај на Фридом хаус во кој се документира и тоа како владите го зголемуваат користењето на социјалните медиуми за да ги набљудуваат граѓаните и да манипулираат со изборите.
7
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА - Повеќегодишниот пратеник на Лабуристичката партија Линдзи Хојл е избран за нов претседател на Долниот дом на британскиот парламент. Во последниот четврти круг на гласање тој доби 325 гласови, додека неговиот ривал Крис Брајант, исто така од лабуристите, го поддржаа 213 пратеници.
8
СИРИЈА - Турција соопшти дека била заробена постарата сестра на убиениот лидер на екстремистичката Исламска држава Абу Бакр ал Багдади на северозападот на Сирија.