Достапни линкови

Заедничките турско-руски патроли во Сирија стартуваат в петок


Заедничките турско-руски патроли в петок ќе започнат со патролирање, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако руските власти соопштија дека сириските Курди се повлекле од пограничниот регион, како што беше договорено.

Според договорот постигнат меѓу Анкара и Москва во Сочи минатата недела, на курдските сили им беше даден рок од 150 часа да се повлечат, тој рок истече вчера. Договорот предвидува и турско-руски заеднички патроли.

Ердоган рече дека руските власти ја известиле Анкара дека околу 34 илјади припадници на „терористичката група“ се повлекле од пограничниот регион, а повлечено е и тешко оружје. Но тој вели дека според податоците не се целосно повлечени, но тоа ќе се увиди на терен.

XS
SM
MD
LG