Достапни линкови

ЕУ го изневери Заев, вели Рама


Заев и Рама.

ЕУ го изневери Зоран Заев, изјавил албанскиот премиер Еди Рама во телевизиско интервју. Тој вели дека настаните во Северна Македонија се различни со оние во Албанија. Рама вели дека од Заев беше побарано да го смени името на државата.

„А знаете ли што значи да се смени името на земјата? Тоа е исто како да го смениш името, па наместо Февзиу да те именуваат во Сами“, вели Рама.

Албанскиот претседател го повторува ставот дека нема да поднесе оставка откако земјата не доби датум за преговори со ЕУ и рече дека ќе си дадел оставка само доколку не ја завршел својата работа.

XS
SM
MD
LG