Достапни линкови

Китаровиќ денеска и официјално ќе се кандидира за нов мандат


Колинда Грабар Китаровиќ

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ денеска ќе ја официјализира својата кандидатура за втор претседателски мандат, објавија хрватските медиуми.

Грабар Китаровиќ најави дека ќе влезе во трката за реизбор за претседател на Хрватска на почетокот на август во Книн, на централната прослава за одбележување на воено-полициската операција Олуја во 1995 година.Taa има целосна поддршка од владејачката Хрватска демократска заедница- ХДЗ, нејзината матична партија, потврди повеќе пати и премиерот Андреј Пленковиќ.

Најочекуваниот датум за одржување на првиот изборен круг е недела 22 декември, додека вториот круг ќе се одржи на 5 јануари идната година.

XS
SM
MD
LG