Достапни линкови

САД го обвинија Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија


Архивска фотографија- Американскиот државен секретар Мајк Помпео

Нападите со десет беспилотни летала на две нафтени постројки кои се случија вчера, а за кои САД го обвинува Иран, оневозможија речиси половина од производствениот капацитет за нафта на Саудиска Арабија. Американскиот државен секретар Мајк Помпео истиот ден рече дека Техеран „спровел досега невиден напад“ на глобалните снабдувачки капацитети.

Бунтовниците Хути во Јемен, кои се поддржани од Иран, ја преземаа одговорноста за нападите на двата капацитета во источна Саудиска Арабија поради кои се намали производството на нафта за 5,7 милиони барели на ден, што е половина од извозот на кралството и околу пет отсто од дневното производство на нафта во светот.

Според Помпео нема докази дека нападот доаѓа од Јемен. Тој на социјалната мрежа Твитер го обвини иранскиот претседател Хасан Рохани и министерот за надворешни работи Мохамед Џавад Зариф дека водат лажна дипломатска игра.

XS
SM
MD
LG