Достапни линкови

Турција- наредби за апсење на 222 војници, наводни поддржувачи на Ѓулен


Архивска фотографија- турски војник обезбедува дипломатско претставништво

Турските обвинители денеска издадоа наредби за апсење на 222 војници што служат низ целата земја и во турскиот дел на Кипар, под сомнение дека се поддржувачи на исламскиот свештеник Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, јави турската државна агенција Анадолија. Ѓулен, некогашниот соработник на претседателот Ердоган според официјална Анкара е главниот инспиратор на неуспешниот пуч во 2016 година. Ваквите обвинувања Ѓулен неколку пати ги демантираше.

Полицијата во Истанбул, во 53 други турски градови и на Кипар почна рации за апсење на осомничените, а 50 веќе се приведени, јавуваат агенциите.Меѓу осомничените имало војници од копнените, воздушните, поморските и жандармериските сили, како и крајбрежната стража.

Десетици илјади луѓе по неуспешниот воен удар во земјата се отпуштени од државна служба, а повеќе од 30.000 осомничени поддржувачи на Ѓулен се наоѓаат во затвор, пренесува ДПА.

XS
SM
MD
LG