Достапни линкови

Рон Џонсон: Србија и Косово треба да земат пример од Северна Македонија и Грција


сенаторoт Рон Џонсон

Лидерите на Србија и Косово треба да сфатат дека од најдобар интерес за нив е да ги oстават разликите зад себе и да постигнат договор по углед на Грција и Северна Македонија. Ова во интервју за Гласот на Америка го изјави сенаторoт Рон Џонсон, републиканец од Висконсин и претседавач на сенатската Комисија за надворешни работи. „Земете го примерот со Грција и сега, Северна Македонија, чии жители не беа среќни од меѓусебен договор. Затоа беше потребна политичка храброст за таков договор, што на крајот, беше историски. Двете земји преговараа заткулисно многу месеци за да стасаат до договор“, истакна сенаторот Џонсон.

XS
SM
MD
LG