Достапни линкови

Твитер падна на еден час


Корисниците на Твитер во светот синоќа не можеле да пристапат до оваа социјална мрежа. Британскиот весник „Индипендент“ наведе дека проблемите на Твитер траеле еден час и оти корисниците немале пристап ни преку интернет страницата, ни преку мобилните телефони. Компанијата Твитер соопшти дека го идентификувала проблемот, односно дека се работело за „интерна промена на конфигурацијата“. Другите социјални мрежи како Инстаграм и Фејсбук работеа нормално.

XS
SM
MD
LG