Достапни линкови

Американско-руски состанок во Хелсинки


Американскиот заменик државен секретар за политички прашања Дејвид Хајл

Американскиот заменик државен секретар за политички прашања Дејвид Хајл денеска се сретна со рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков во Хелсинки. Тие разговараа за односите меѓу САД и Русија како и за влијанието на регионалните предизвици во Европа, Блискиот исток и Азија, се вели во соопштението од Стејт Департментот. Портпаролот на Стејт Департментот Морган Ортагус посочи дека нивниот претставник во разговорите истакнал дека иако САД се обидува да ги намали разликите и да ја поттикне соработката со Русија, негативните активности на Москва и натаму се пречка во напредокот во билатералните односи.

Рјбаков изјави дека тој и Хејл разговарале и за Венецуела меѓу другите прашања но не успеале да се согласат за темата. Тој повтори дека Русија нема никакви трупи во Венецуела и дека не гледа потреба да разговара со Вашингтон за тоа ако испрати свои експерти таму.

Русија жестоко го поддржа венецуелскиот претседател Николас Мадуро и ја снабдува Венецуела со оружје и заеми.

XS
SM
MD
LG