Достапни линкови

Груби се откажал од Комисијата за селекција во УБК


Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, ги информирал претседтаелот на Собранието и претседателот на Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање дека не можа да учествува во работата на Комисијата за селекција и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање поради преголеми обврски.

Груби и пратеникот Трајко Димков денеска беа избрани од Комисијата за надзор над работата на УБК и Агенцијата за разузнавање, откако, како што рече претседателот на Комисијата, Трајко Вељаноски, биле предложени по претходна консултација со политичките партии.

XS
SM
MD
LG