Достапни линкови

Заменик министерот за образование Петар Атанасов поднесе оставка


Влада на Северна Македонија

Заменик министерот за образование и наука Петар Атансов во подолгото образложение на оставката до премиерот Зоран Заев наведува дека во изминативе десет месеци во Министерството ништо позначајно не се случувало. „Промените во образованието кои ги навестувавме, не ги остваруваме. Зошто е ова вака, веројатно Вие најдобро знаете“, наведува Атаносв кој набројувајќи ги проектите, проблемите и прашањата на кои работел заклучува: „За жал, моите очекувања дека преку политичкиот ангажман во изминатите шест години ќе влијаам во насока на реално подобрување на состојбите во општеството, особено во образованието и несебичното вложување за таа цел, не се остварија. Се чини дека иако декларативно сите говорат дека се залагаме да ги задржиме младите во државата, без вистинска реформа и поквалитетно образование, како и можност за поголем просперитет за младите, тоа нема да се случува“.

XS
SM
MD
LG