Достапни линкови

Македонски квалификации за League of Legends


Е-спорт лига во League of Legends 2018 во Париз, Франција
Е-спорт лига во League of Legends 2018 во Париз, Франција

Утре се одржуваат квалификациите во македонската е-спорт лига, со што победниците се квалификуваат и во балканската лига

„Ако до сега не сте дознале, Националната Еспорт Лига ќе служи како нов начин за квалификување во Esport Balkan League или ЕБЛ и како место каде идните играчи ќе можат да си ја почнат својата кариера“.
Вака Македонската е-спорт федерација го најави утрешниот турнир за квалификации во е-спорт лигата во League of Legends, што го организира заедно со Fortuna Esport.

Во пресрет на петтата сезона на Е-спорт Балканска Лига, МЕСФ најави дека ќе се одржат и отворени квалификации за сите оние кои не се дел од Националната лига. Победниците на НЕЛ покрај паричната награда ќе добијат место во затворените квалификации во наредната сезона на EBL и така ќе добијат прилика да заиграат на меѓународен турнир против некои од регионалните шампиони.

Наградниот фонд за српската и словенската лига е 1000 евра, додека наградниот фонд за македонската, црногорската и БиХ лига ќе биде 500 евра.

XS
SM
MD
LG