Достапни линкови

Времето денеска ќе биде сончево и топло


Денеска ќе преовладува претежно сончево и топло со слаб до умерен ветер од западен правец.

Дневните температури ќе бидат во пораст - Скопје 23, Маврово 15, Охрид 18, Битола 21, Кавадарци 24, Крива Паланка 20, Берово 18, Дојран 25 степени

До вторник претпладне ќе се задржи стабилно, суво и топло време. Во вторник во попладневните часови ќе има услови за локален дожд со грмежи, особено во планинските подрачја. Во среда ќе има зголемена облачност со локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен северен ветер, што во следните денови ќе услови позначително намалување на дневната температура, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

XS
SM
MD
LG