Достапни линкови

Грчкиот парламент одобри 43 предлози за уставни измени


Парламентот во Грција

Без изненадувања и без пресврт заврши второто и последно гласање во грчкиот Парламент за предлог измените на одредбите од грчкиот Устав. Сите предлози што добија зелено светло од пратениците на првото гласање минатиот месеци, беа и вчера изгласани, јави дописничката на МИА од Атина. Со тоа актуелниот Парламент го отвори патот за уставните промени кои ќе ги донесе следниот состав на Парламентот, што ќе произлезе од изборите.

Гарантирање на индивидуалните и социјалните права, забрана на родова дискриминација поради родот и сексуалната ориентација, ограничување на пратеничкиот имунитет, ратификување на меѓународни договори со референдум, замена на премиерот поради здравствени причини, гарантирањето на независноста кај воените судии се дел од уставите измени кои од грчкиот Парламент добија зелено светло на првото гласање.

Предлозите за уставни измени што добија од 151 до 179 гласови, следниот парламент што ќе произлезе од новите избори, ќе треба да ги изгласа со 180 гласови, оние што на вчерашното гласање добија минимум 180 позитивни гласови од пратениците, во следниот парламент ќе биде потребно минимално мнозинство од 151.

XS
SM
MD
LG