Достапни линкови

Димитров - Има тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува


Министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, рече дека чувстувува тенденција Преспанскиот договор да се внесе во води во кои тој не навлегува, во малцински прашања.

„Има напад врз него во Грција дека отвора малцински прашања и има напад овде кај нас, дека на некој начин одбегнува такви прашања“, рече Димитров попладнево одговорајќи на новинарски прашања по заедничката прес-конференција со својот чешки колега Томаш Петричек.

На новинарско прашање на кој јазик зборува македонското малцинство во Грција, Димитров напомена дека Договорот од Преспа воведува, врз основа на нашето право на самоопределување, едно разбирање дека идентификацијата со Македонија и македонски значи една работа во оваа земја, а друга работа во Грција.

Министерот оцени дека ова прашање е мотивирано и дека можеби има цел да го урне и да го компромитира, како што рече, овој крупен процес кој целиот свет го нарече не само успех за Балканот, туку и европски и светски успех.

XS
SM
MD
LG