Достапни линкови

Русија ги повика САД целосно да се повлечат од Сирија


Москва инсистира на тоа Соединетите Држави да го исполнат ветувањето и целосно да се повлечат од Сирија, изјави рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков.

„Ние инсистираме Соединетите Држави да го исполнат ветеното и целосно да се повлечат од Сирија“, изјави Рјабков, пренесува новинската агенција „ТАСС“.

Американскиот претседател, Доналд Трамп нареди на 19 декември минатата година, целосно повлекување на американските војници од Сирија, тврдејќи дека екстремистичката група Исламска држава е поразена. Околу 2.000 американски војници во моментов се распоредени во Сирија. Според американските функционери, повлекувањето ќе трае од 60 до 100 дена.

XS
SM
MD
LG