Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ: Радмила Шекеринска ќе одговара за злоупотреба на должноста


вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска

ВМРО ДПМНЕ во најновото соопштение наведува дека вицепремиерката и министер за одбрана Радмила Шеќеринска ќе одговара по членот 353 од Кривичниот законик за злоупотребата на службена должност заради сите криминални набавки, сомнителни тендери и доделени грантови по партиски клуч. „Радмила Шекеринска, како и впрочем цела постава на власта, се обидува да ја заобиколи на вистината и што повеќе да излаже се со цел манипулација со јавноста заради капитулантскиот договор со Република Грција во кој што гледаат спас од правото и правдата. Претходно, Шеќеринска во интервју за телевизијата Канал 5 изјави дека 90 проценти од времето на лидерските средби било потрошено на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за амнестија. Таа појасни дека барањето не било преку чин на амнестија, туку преку измена на членот 353 од Кривичниот законик, кој ја дефинира злоупотребата на службена должност, а потоа и еден мал обид тоа да се направи и преку измена во Законот за финансирање на политичките партии.

XS
SM
MD
LG