Достапни линкови

Трамп: Германија е заложник и под контрола на Русија


Трамп на работниот појадок со Јенс Столтенберг, пред почетокот на Самитот во Брисел

Пред почетокот на Самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп, ја повика Германија веднаш да ги зголеми трошоците за одбрана на два проценти од БДП и ја обвини дека е под контрола на Русија, објави агенцијата Ројтерс.

„Германија е целосно под контрола на Русија, тоа е многу лошо за НАТО. На Русија ѝ се плаќаат милијарди, се градат гасоводи. Германија е заложник на Русија, Берлин се потпира главно на увозот на руски гас и ги отстранува своите нуклеарни централи. Нешто мора да се направи. Ѝ плаќаат милијарди на Русија, а ние плаќаме милијарди за да ги заштитиме од Русија“, изјави Трамп на работниот појадок со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, пред почетокот на Самитот во Брисел.

Тој додаде и дека поранешниот германски канцелар Герхард Шредер работи за „Газпром“.

„Ги штитиме сите, плаќаме многу, тоа се случува со децении. Тоа е многу нефер кон нашата земја. Не за десет години, туку веднаш треба да се исполни целта трошоците за одбрана да бидат два проценти од БДП“, рекол Трамп.

XS
SM
MD
LG