Достапни линкови

Преговорите за пристапување на Турција во ЕУ на „мртва точка“


Европската унија констатира дека преговорите за пристапување на Турција во Унијата се „практично на мртва точка“, а земјата се повеќе се „одалечува од ЕУ“. Ова се наведува во заклучоците од вчерашниот состанок на Советот за општи работи на Унијата во Луксембург. Во документот исто така се наведува дека не може да се предвиди отворање на ниту едно ново поглавие и оти не се планира натамошна работа на модернизацијата на царинската унија меѓу ЕУ и Турција. Односите меѓу Брисел и Анкара се многу затегнати од обидот за државен удар во јули 2016 година и големите чистки на новинари и противници на режимот.

XS
SM
MD
LG