Достапни линкови

На изборите во Турција, околу 519.000 посматрачи


Истанбул, 19.06.2018.

Турските опозициски партии и невладините организации соопштија дека планираат да испратат стотици илјади посматрачи и доброволци на гласачките места за време на претседателските и предвремените парламентарни избори на 24 јуни. Се наведува дека станува збор за околу 519.000 луѓе кои ќе бидат распоредени на 180.000 избирачки места. Опозицијата се надева дека овие избори би можело да означат крај на 16 годишното владеење на претседателот Реџеп Таип Ердоган. Турција од парламентарен влегува во претседателски систем во кој шефот на државата има поголема моќ. Промените треба да стапат во сила по изборите.

XS
SM
MD
LG