Достапни линкови

За денеска најавен протест на противниците на договорот со Грција


Транспарент „Предавници“ поставен пред Собранието за време на протестите против промена на името, 18.06.2018.

На синоќешниот протест пред Собранието на Македонија против договорот со Грција за решавање на спорот со името, демонстрантите повикаа на нов протест за денеска во 11 часот, кога започнува собраниската седница на која на дневен ред е овој договор. Синоќешниот протест помина мирно, без инциденти и без пиротехнички средства и со засилено полициско обезбедување. Во неделните насилни протести беа повредени неколкумина полицајци и демонстранти.

XS
SM
MD
LG