Достапни линкови

Свилановиќ: НАТО и ЕУ да бидат решителни како Заев и Ципрас


Горан Свилановиќ

Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ изјави дека се надева оти ЕУ и НАТО ќе бидат подеднакво решителни како што беа премиерите на Македонија и Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас.

„Овој историски договор дава нов ветар во грб не само на меѓусебната соработка туку и на натамошниот економски развој и процесот на европската интеграција на регионот. Искрено се надевам дека овој храбар чин на лидерство ќе биде дочекан со иста доза на решителност од страна на нивните партнери во Европската унија и НАТО“, изјави Свилановиќ, честитајќи им на македонскиот и на грчкиот премиер.

XS
SM
MD
LG