Достапни линкови

Денеска нов разговор Заев - Ципрас


Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас

Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска треба да остварат уште еден телефонски разговор во рамки на процесот на преговори за решавање на спорот за името, откако вчера разговараа 60 минути.

"За време на разговорот вчера се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија. ", се вели во соопштението на Владата.

Заев вчера за Телма изјави дека е оптимист оти денеска ќе се постигне договор за спорот со името, но не откри повеќе детали поради како што рече принципиелниот однос кон другата страна.

XS
SM
MD
LG