Достапни линкови

Трамп: делегација на САД во Северна Кореја


медалјон за самитот меѓу претседателот на САД Доналд Трамп и лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека делегација на САД пристигнала во Северна Кореја за да се договори за неговата средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун. Трамп на Твитер напиша и дека „Северна Кореја има брилијантен потенцијал“ и оти „еден ден ќе биде голема економска и финансиска нација“. „Ким Џонг Ун се согласува со мене околу ова. Тоа и ќе се случи“, наведува Трамп. Тој во писмото од четвртокот го откажа неговиот состанок, планиран за 12 јуни во Сингапур, а во петокот соопшти дека самитот сепак би можело да биде одржан.

XS
SM
MD
LG