Достапни линкови

Иран во одбрана на Сирија по израелските напади


Иранското знаме

Иранските власти ги осудија израелските ракетни напади врз ирански цели во Сирија. Во првата официјална реакција за инцидентот според властите, Сирија има право да се брани себе си од агресијата на Израел.

Израелските власти соопштија дека ги нападнале речиси целата иранска инфраструктура во Сирија откако иранските сили за прв пат истрелаа ракети кон израелска територија. Конфронтацијата меѓу двете земји започна по два дена откако американскиот претседател Доналд Трамп донесе одлука САД да се повлечат од меѓународниот нуклеарен договор од 2015 година.

XS
SM
MD
LG