Достапни линкови

Иран предупреди дека би можело да го зголеми збогатувањето ураниум


Иранскиот претседател Хасан Рохани

Иранскиот претседател Хасан Рохани предупреди дека неговата земја би можело во наредните недели да почне да збогатува ураниум повеќе отколку досега. Ова тој го изјави веднаш по одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп САД да ја напуштат меѓународната спогодба за иранската нуклеарна спогодба постигната во 2015 година. „Иранската нуклеарна спогодба е ужасен едностран договор кој не донесе и нема да донесе мир“, оцени Трамп, наведувајќи дека спогодбата само му дала пари на иранскиот режим за да финансира терористи. Рохани пак, изјави дека има малку време за преговори со земјите кои остануваат приврзани на спогодбата и оти во посета на тие земји ќе го испрати шефот на дипломатијата Мохамад Џавад Зариф.

XS
SM
MD
LG