Достапни линкови

Нема скриени соби во гробницата на Тутанкамон


илустрација

Новите радарски истражувања покажале дека во гробницата на фараонот Тутанкамон нема скриени соби, изјави ресорниот египетски министер Мустафа Вазири. Со тоа се демантирани тврдењата дека внатре покрај гробницата на Тутанкамон се наоѓале и други простории. Тутанкамон беше еден од последните кралеви на Египет од 18 династија. Неговата гробница беше откриена во 1922 година и за разлика од другите гробници во Долината на кралевите во Луксор таа не беше ограбена.

XS
SM
MD
LG