Достапни линкови

Ердоган и Нетанјаху разменија навреди за насилствата во Газа


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху разменија навреди околу најновите судири на границата со Газа во кои загинаа најмалку 15 палестинци. Во вчерашниот говор Ердоган го осуди воениот одговор на демонстрациите на границата, нарекувајќи го Нетанјаху за терорист. Тој исто така за Израел рече дека била „терористичка земја“. Претходно Нетанјаху го нарече Ердоган за човек кој бомбардира курдски села во Сирија. Војната со зборови меѓу нив почна откако израелските сили отворија оган врз демонстрантите на границата со Газа на 30 март.

XS
SM
MD
LG