Достапни линкови

Уапсен организаторот за размена на затвореници во источна Украина


Володимир Рубан дава изјава за медиуми во Украина

Шефот на една невладина организација, Володимир Рубан кој договарал размена на затвореници во источна Украина бил уапсен од украинските власти под сомнение за шверц. Рубан наводно се обидел да шверцува голема количина на оружје и муниција од реон под контрола на проруските бунтовници.

Според властите, тој се преправал дека е обичен граѓанин кој се обидувал од реоните под контрола на сепаратистите да стигне до територијата под контрола на украинските сили, а оружјето и муницијата биле скриени во мебел.

XS
SM
MD
LG